Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
ВСС – Во областа на економија, бизнис, маркетинг, технички науки. Одлично познавање на англискиот јазик (чита, пишува, говори). Познавањето на албанскиот и турски јазик се смета за предност; Напредно познавање на MS Office; Најмалку 1 години искуство во областа на продукт менаџментот, предност имаат кандидатите со искуство во продажниот сектор. Одлични вештини на комуникација, пишана и вербална; Ориентираност кон рокови и способност за извршување на повеќе активности истовремено. Позицијата вклучува чести патувања надвор од територијата на Р.Македонија, одлични организациски вештини, флексибилен приод кон извршување на работните задачи и исполнување на работните цели, познавање и разбирање на домшаниот и интернационалнит пазар во туристичката индустрија.
Работни задачи, овластувања и одговорности:
Дефинирање на пазарните цели и стратегијата за пласман на производи;
Следење и анализа на трендовите и конкуренцијата
Комуникација и преговарање со постоечките партнери и склучување на нови партнерства
Координација и оддржување на блиска комуникација со сите внатрешни оддели
Идентификувње и презентација на иновативни продукт решенија
Што нудиме?
Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим; Континуирана обука и можност за напредување; Неделно работно време – 40 часови, понеделник - сабота Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации и вештини за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: info@dmcbalkans.com со назнака: “Продажен менаџер”.
Општи правила за аплицирање:
Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот). Назнака на позицијата за која се аплицира
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во DMC Balkans Travel & Events или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.