Hotel Putnik 4* - Kopaonik

Објавено во Сместување, Србија, Копаоник


ПОЛОЖБА :
Хотел Путник се наоѓа во најубавиот дел на планината Копаоник, во Сончевата долина. Сместено е на 1650 метри надморска височина и има директен излез кон скијачката патека Сончева долина. Хотел Путник има традиција повеќе од 60 години. Првиот дел од хотелот е отворен уште во 1958 година и е еден од првите угостителски објекти на Копаоник. Новиот дел беше отворен во 1985 година и се спои со стариот. Во 2018 година, хотелот беше целосно реновиран. Украсен е со модерен дизајн, елеганција, внимателно дизајнирана естетика како комбинација на топол стил на планина и детали инспирирани од природата. 

СМЕСТУВАЊЕ:
Хотелот располага со еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби.Тие претставуваат уникатно катче за интимен и пријатен одмор.Хотелот е категоризиран со 4 starsвезди (****), а капацитетот на хотелот е 116 комфорни и луксузни сместувачки единици или 270 легла.

УСЛУГА: 
Хотелот нуди услуга на ББ сервис ( вклучен доручек ), ХБ сервис ( вклучен доручек и вечера ), ФБ сервис ( вклучен доручек, ручек, вечера ). Пијалокот не е вклучен во понуда.

СОДРЖИНА:   
Во 2018 година хотелот е комплетно реновиран. Сега е целосно модерно дизајниран, комфорен и со додатни содржини и на своите гости нуди одмор како во летниот така и во зимскиот период.

СПОРТ И ЗАБАВА:
Гостите на располагање имаат и дополнителни содржини како wi-fi, велнес центар, фитнес центар, две конференциски сали, детска игротека со кино, ски остава, изнајмување на ски опрема, повеќе наменски отворен терен, пансионски ресторан, паркинг.

Заради моменталната ситуација со Ковид-19 цените подлежат на промени. 
За најдобри цени побарајте понуда на: 
info@dmcbalkans.com 
+398 77 739 000 Viber/WhatsApp
+389 46 256 333

Зафатеност \ Тип на сместување Ноќевање со појадок Попупансион Полн пансион
Еднокреветна соба 0€ 0€ 0€
Двокреветна соба 0€ 0€ 0€
Трокреветна соба 0€ 0€ 0€
Четирикреветна соба 0€ 0€ 0€


ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕНИТЕ:

  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари.
Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Организатор на патувањето е DMC Balkans Travel & Events.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Пратете барање за резервација