Информации за влез во Дубаи

Објавено во Дубаи, Повеќе информации за Дубаи


ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО ДУБАИ 

Почитувани, 

 Ве известуваме дека имиграционото одделение во Обединетите Арапски Емирати ги прифаќа апликациите за туристички визи за македонски државјани.

 Моментално достапни летови за македонски државјани:

 ✔ од Белград директен лет со FlyDubai (потребен PCR тест за влез во Дубаи)
✔ од Софија директен лет со FlyDubai (потребен PCR тест за влез во Дубаи, но и за влез назад во Бугарија)

Патникот за влез во Дубаи, освен стандардните документи (валиден пасош мин. 6м и виза), потребно е да ги има со себе и следниве документи: • Документ за негативен PCR тест издаден најмногу 96 часа пред поаѓање заедно со сертификат на англиски јазик
• Health Declaration Form пополнет и предаден во оригинална форма.
• Quarantine undertaking form – официјален образец како документ, пополнет и испринтан.
• Меѓународно здравствено осигурување, кое ќе го покрива времетраењето на важечката виза и цел период на престој.
• За транзитирање преку Дубаи за македонски државјани не е потребен негативен PCR тест, се додека тоа не го бара државата која е дестинација.
**Сепак, за враќање од некои држави со транзит преку Дубаи, потребен е негативен PCR тест. За повеќе точни информации обратете се во агенција.**


* Надоместоците за виза не се враќаат и одобрувањето на истата е исклучиво на одлука на Имиграционо одделение на ОАЕ.
** За документите и точноста на податоците внесени во истите, одговорноста е на патникот. 


 За повеќе информации контактирајте нè на:
- Телефон: 046/256 333
- Мобилен: 077/ 739 000
- Е-пошта: info@dmcbalkans.com